Набљудувачите на ОДИХР за предвремените парламентарни избори во Македонија денеска во Скопје ќе одржат прва прес-конференција на која ќе ја претстават улогата на мисијата во изборите и планираните активности
Државната изборна комисија (ДИК) досега прифатила 1.430 пријави за гласање на македонски државјани што живеат или се на привремена работа во странство за претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април.
Следниот викенд ќе се знае распоредот на листите на СДСМ и коалициските партнери за изборите на 12 април, во партијата работи комисија од меѓународни и домашни експерти за селекција на кандидатите, информираше денеска на прес-конференција претседателот на владејачката поартија Зоран Заев
Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) му даде насоки на офицерот за интегритет во Генералниот секретаријат на Владата, кој веќе функционира согласно препораките на ГРЕКО, да ги потсети избраните, именуваните и вработените во јавниот сектор на обрските што ги имаат за време на изборниот процес
Носителите и кандидатските листи за претстојните предвремени парламентарни избори СДСМ ќе ги објави на конгресот на партијата што ќе се одржи во попладневните часови на 9 март, објави денеска лидерот на партијата Зоран Заев на денешната прес-конференција.
Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски очекува дека партиите ќе се придржуваат до препораките во врска со јавните собири во контекст на превентивата од корнонавирусот, за што денеска на седница одлучува Владата
СДСМ и БЕСА вчера формираа предизборна коалиција, и заеднички ќе настапат на превдремените парламентарни избори на 12 април, со што за првпат се формираше предизборна коалиција на македонска и албанска партија
Според него, со тој сојуз се дефакторизира важноста на албанските гласови, но пред се, улогата на Охридскиот договор и бадентеровиот механизам за заштитата на албанските интереси.
Државната изборна комисија, на вчерашната седница го усвои Јавен повик за увид во ИС за увид во избирачкиот список.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека за претстојните предвремени парламентарни избори во коалицијата „Обнова на Македонија“ остануваат политичките партии кои беа дел од неа, како и дека преговараат со други политички партии кои се заинтересирани да бидат дел од коалицијата