До 5 март ВМРО-ДПМНЕ се очекува да ги објави имињата на носителите на кандидатските листи во шесте изборни единици во земјата за претстојните предвремени парламентарни избори, додека останатите имиња од листите не подоцна од 10 март изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски
До утре на полноќ радиодифузерите, печатените медиуми и интернет порталите, доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието се должни да се регистрираат во ДИК
Не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи, објави ДКСК
Мнозинство граѓани сметаат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев би бил подобар иден премиер од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, покажува најновото испитување на јавното мислење на Агенција „Рејтинг“.
Тој одговарајќи на новинарско прашање вели дека не стравува од евентуална коалиција на БЕСА и Алијанската за Албанците.
Флакрон Беџети, портпарол на Алијансата за Албанците на новинарско прашање истакна дека тие како политички субјект биле заинтересирани за трипартиска коалиција, но Движењето Беса ја сметала за несериозна, дури и, како што рече, навредлива.
Барањата, додаваат се поднесуваат на електронската адреса: izbori@sec.mk, а се во согласност со Законот за изменување и дополнување на Изборниот закони што викендов го донесе Собранието, непосредно пред донесување на одлуката за распишување на изборите.
Државната изборна комисија, според Роковникот за спроведување на предвремените парламентарни избори, денеска од МВР треба да побара и да и биде доставен Избирачкиот список
Собранието едногласно со 108 гласа „за“ ја донесе одлуката за самораспуштање во пресрет на најавените предвремени парламентарни избори закажани за 12 април
Откако претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го потпиша решението за распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април, течат роковите за нивно спроведување.