Во Гевгелија излезноста до 17 часот е 52,35 отсто. Вкупно 10.008 гевгеличани излегле на гласачките места и во фер, демократска и мирна атмосфера го дале својот глас на вонредните парламнтарни избори, потврдија од ОИК Гевгелија
Се зголемува излезноста на гласачите во општините Дебар и Центар Жупа, каде до 17 часот своето граѓанско право го оствариле 30 односно 17,65 отсто
Малку повеќе од една третина од граѓаните евидентирани во избирачки список излегле да гласаат на вонредните парламентарни избори во општините Тетово и Јегуновце до 17 часот
Во Крива Паланка до 17 часот излезноста е 58,7 отсто од граѓаните со право на глас
На 14.07.2020 во 09.20 часот во Полициската станица Карпош, Ј.У.(75) од Скопје пријавил дека добил смс порака од непознато лице, кое според содржината го наведувало на изборите да гласа за одредена партија.
Општина Желино, каде што има 23.926 лица на избирачкиот список, бележи најмала излезност од сите тетовски општини во сите досегашни часови на евиденција на одѕивот на гласачи. До 15 часот таму гласале 17,58 отсто од граѓаните.
Приведен е дебранец, кој откако гласал на избирачко место го фотографирал гласачкото ливче.
Неготино бележи излезеност од 51.54 отсто до 17 часот на денешните вонредни парламентарни избори
Од 84.454 граѓани со право на глас во Општина Тетово до 17 часот 33,72 отсто го оствариле своето гласачко право што претставува најголем одѕив од сите шест тетовски општини
Државната изборна комисија попладнево информира дека излезноста на предвремените парламентарни избори до 17 часот е 38,78 проценти. Обработени се податоците од 3.459 избирачки места од вкупно 3.480 избирачки места.