Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица од: Скопје-71, Штип-7, Тетово-12, Велес-1, Битола-1, Кочани -1, Пробиштип-1, Кичево-1, Ресен-2.
На предвремените парламентарни избори до 17 часот во Охрид на гласање излегле 41,7 отсто од лицата со право на глас
Според официјалните податоци на ДИК излезноста на парламентарните избори на територија на Република Македонија до 17:00 часот е 38.78%.
Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите попладнево информираше дека гласањето до 17 часот се одвива во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности
Од Државната изборна комисија на последната прес-конференција информираа дека имало краток прекин на одредено гласачко место во Лојане во општина Липково, по што по проверката гласањето е продолжено и се одвива непрекинато
Неколку пријави во врска со нарушување на изборниот процес во Скопје, Велес и Битола се регистрирани во дополнението на Билтенот што го објави денеска Министерството за внатрешни работи
Во интервал од 13 до 15 часот, општинските изборни комисии од Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран пријавија десет отсто поголема излезeност на гласачите на предвремените парламентарни избори
Според Општинската изборна комисија, во Општина Дебар до 15 часот правото на глас го искористиле 24 отсто од вкупниот број гласачи
Од вкупно 45 989 гласачи регистрирани на Единствениот избирачки список до 15 часот гласале 35,86 проценти или 16 492 гласачи на 84 избирачки места во Општина Велес
На вонредните парламентарни избори, во Битола до 15 часот гласале 39,5 отсто од вкупно 81.488 регистрирани лица со право на глас