Ги осудуваме опасните повици од страна на Левица, обвинителството да реагира, нема толеранција за закани со фашистички наратив.
Како што соопшти МВР, повредени лица нема, а оштетен е ѕидот низ кој поминал проектилот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во прелиминарниот извештај се наведува дека изборите беа генерално добро спроведени и кандидатите можеа слободно да водат изборна кампања, но правната сигурност беше поткопана поради значајни промени на законската рамка и последователните владини уредби со законска сила.
Премиерот Оливер Спасовски попладнево на прес-конференција изјави дека е прашање на политички проценки и договарања дали СДСМ ќе коалицира со ДУИ за формирање на парламентарно мнозинство и за Влада.
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, на прес-конференција рече дека се сомневаат дека партијата по вчерашните избори е оштетена за минимум околу 10 илјади гласа и дека им се украдени, како што рече, тројца пратеници, во изборните единици 1, 2 и 4.
Успеавме да го удвоиме бројот на мандати на овие избори и во Собранието на Македонија ќе имаме четири пратеници. Коалицијата „Можеме“ ја направи разликата и ја обезбеди победата, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа.
Покрај падот на сајтот на Државната изборна комисија ДИК и на Тиме.мк, вчера во текот на денот во траење во неколку часа „паднал“ и сајтот на Министерството за внатрешни работи.
Напнатоста допрва почнува , смета новинарот Бранко Героски, откако веќе се познати радпределбите на бројот на пратеници по вчерашниот изборен ден.
Не очекува тензичен период, но кој и да состави Влада таа нема да биде стабилна, констатира новинарот Драган Павловиќ-Латас.
Државната изборна комисија (ДИК) се очекува во попладневните часови да одржи седница на која треба да бидат соопштени конечните неофицијални резултати од изборите. Во Комисијата сега се прави контрола на податоците што синоќа ги испратиле општинските изборни комисии, што е стандардна и вообичаена постапка по секои избори, изјави за МИА портпаролот на Комисијата Адмир Шабани