Државната изборна комисија (ДИК) на 41-та седница ги одби како несоновани доставените приговори од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива поради тоа што не биле поткрепени со соодветни факти и докази за наводите.
Државната изборна комисија денеска на седница одлучува по приговорите што беа доставени за постапките за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар
Во Дебар вчера се прегласуваше на едно избирачко место откако Управен суд ја прифати тужбата на коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива, а ДИК врз основа на тоа донесе решение за повторување на гласањето.
Државниот завод за ревизија ги известува сите учесници во изборната кампања кои учествуваа во вториот круг на гласање дека се должни до ДЗР во рок од 20 дена од денот на настапување на предизборниот молк за вториот круг на гласање односно до 18 ноември 2021 година (четврток) да поднесат Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите
Според првичните резултати што половина час по полноќ ги објави Државната изборна комисија, од гласањето за вториот изборен круг, најмногу гласови добил Хекуран Дука, од ДУИ, подржан од СДСМ и коалицијата.
Во и пред изборниот штаб на огранокот на ДУИ се слави, со сирени од автомобили, со огномет и зурли и тапани.
Пред утрешното гласање за градоначалник на Дебар, денеска правото на глас треба да остварат 70 болни и изнемоштени лица.
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница, по завршување на сите постапки, ги објави конечните резултати од вториот круг за градоначалник во општините Желино, Брвеница, Студеничани и Старо Нагоричане.
Од ДЗР информираат дека образецот за извештајот е пропишан со Правилникот за образецот на извештајот за рекламен простор искористен од секој од организаторите на изборната кампања и средствата кои се платени или се побаруваат по тој основ и е објавен на официјалната веб страна на Државниот завод за ревизија www.dzr.mk, во табот Локални избори 2021, во подтаб законски акти
Управниот суд денеска ја прифати тужбата на Беса за избирачкото место 2107 во Општина Желино, потврдија за МИА од судот. Тоа значи дека таму ќе нема прегласување на вториот круг, според што, за градоначалник е избран кандидатот на Беса, Блерим Сејди.