Таа додаде дека поради несоодветно постапување по приговорите била отежнета ефективната употреба на правните лекови со што некои лица биле лишени од правото на глас.
Данела Арсовска и Жаклина Јовановска се единствените жени кои ќе раководат со локалните самоуправи од вкупно 80 општини и Градот Скопје.
ГРОМ има нов градоначалник во Карпош, ДПА во Студеничани, а коалицијата на ЛДП и ДОМ освои градоначалничко место во Шуто Оризари.
Државната изборна комисија вчеравечер ги соопшти првичните неофицијални резултати од вториот круг од локалните избори според кои Скопје и 43 општини во земјава добија градоначалници
Набљудувачката мисија на ОДИХР денеска ќе ги презентира своите наоди по вториот круг од Локалните избори 2021 во Македонија
Ако се направи детална анализа на резултатите од вториот круг на локалните избори во споредба со резултатите од пред две недели, односно од првиот круг може да се заклучи дека главните коалициони партии во Собранието и Владата кои го имаат мнозинството овој пат си ги помешаа математиките.
Во 9 општини од вкупно 44-те во кои се оддржуваше вториот круг, кандидатите за градоначалници остварија победи со помалку од 70 гласови разлика.
Од вкупно 10 скопски општини новата градоначалничка на главниот град Данела Арсовска победи во 7 од нив и тоа со убедлива предност.
Според првичните и неофицијални резултати на Државната изборна комисија, на 100% обработени избирачки места, Арсовска доби 118.765 гласови додека нејзиниот политички опонент освои 90.682 гласа.
По изборниот дебакл на власта и во првиот и во вториот круг, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција најави дека ќе поднесе оставка.