Во 21 општина целосно се обработени податоците од гласањето на вториот круг од локалните избори 2021.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната прес-конференција им се заблагодари на коалициските партнери, но и на политичките партии што ги поддржаа како Алтернатива, Алијанса на Албанците, Левица.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција порача дека партијата извојувала голема победа и оти денешниот е денот кога почнуваат промените за подобра Македонија.
Актуелниот градоначалник на Ресен, Живко Гошаревски (СДСМ), вечерва му ја честита победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен, Јован Тозиевски.
Центар останува во вистински раце, победувме убедливо со речиси 2.000 гласа разлика! Сакам да им заблагодарам на сите граѓаните кои денес излегоа и ни ја дадоа поддршката.
Илјадници поддржувачи на Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ, излегоа на градскиот плоштад во Охрид да ја прослават победата на кандидатот.
Кандидатот на Левица Петар Георгиевски Камиказа со шеговите порака му го честиташе поразот на Петре Шилегов за градоначалник на Скопје.
Благодарам што одбравте да верувате на човечноста, што истакнавте дека сте против црните кампањи и што ми ја дадовте вашата доверба во следните четири години да го водат градот Скопје, ова вечерва преку прес-конференција го истакна новиот градоначалник Данела Арсовска.
Кандидатите за градоначалници на Ново Село од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Ѓорѓе Божинов и на Василево, Славе Андонов, прогласија победи на локалните избори.
Кандидатот за градоначалник на Струга од редовите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Идри Истрефи, преку својот Фејсбук профил го призна поразот. Како негов против кандидат беше актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко.