ВМРО-ДПМНЕ објави победа на Тони Коњановски, со која тој е избран за нов градоначалник на Битола.
Во својата првична изјава Атанасовски како нов градоначалник на Македонска Каменица, кажа дека од утре градот ќе го води нов честит тим.
И по денешното повторено гласање во едно гласачко место, граѓаните на Дебар не го избраа новиот градоначалник.
Во десет општини целосно се обработени податоците од гласањето на вториот круг од локалните избори 2021.
Кандидадот за градоначалник на Радовиш од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Ацо Ристов пред малку прогласи победа на локалните избори.
Стевче Јакимовски прогласи победа во општина Карпош.
Оливер Илиевски, кандидат за градоначалник на Куманово од СДСМ, вечерва му ја честиташе победата на противкандидатот, актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.
Сакам да се заблагодарам на сите кумановчани коишто излегоа денеска на избори. Денеска Куманово победи, не победи Максим Димитриевски и Македонија победи. И разликата е повеќе од шест илјади гласа, изјави вечерва кандидатот за градоначалник на Куманово.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, воедно и министер за надворешни работи на Северна Македонија, преку својот Фејсбук профил соопшти дека нивните кандидати за градоначалници победуваат во десет општини.
Актуелниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари кој се кандидираше за уште еден мандат вечерва прогласи победа по вториот круг на локалните избори.