Во вториот круг од локалните избори 2021, во општина Лозово до 13 часот од вкупно 1974 гласачи на 9 избирачки места на гласање излегле 710 или 35,82 процента од гласачите запишани во Единствениот избирачки список, информира за МИА, Ванчо Пешевски претседател на ОИК Лозово
Во Општина Ресен до 13 часот гласале 3.771 лице или 23,04 проценти од 16.378 лица регистрирани во Избирачкиот список, информира претседателот на Општинската изборна комисија Тодор Китевски
Во Општина Струга излезноста до 13 часот е скоро 19 отсто, додека во Вевчани околу 53 проценти, информираат претседателите на општинските изборни комисии
Излезноста на гласачите на вториот круг од Локалните избори до 13 часот е 24,87 отсто. Гласале 269 674 гласачи, што значи дека излезноста е поголема од минатиот прв круг во ова време, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски
Во Росоман во вториот круг на локалните избори до 13:00 часот има излезеност од 33,55 отсто, информираше претседателот на Општинската изборна комисија, Ѓорѓи Крстевски
Тековно се спроведува гласањето во Куманово, соопшти претседателката на ОИК, Бранкица Димковиќ
Процентот на излезност на гласачите во 13 часот во ОПштина гевгелија достигна 34,18 отсто од запишаните во избирачкиот список, информираат од ОИК Гевгелија
На гласачкото место 0543 во Дебар, каде денеска се повторува гласањето и за градоначалник и за советници, до 13 часот забележана е поголема излезност споредено со првиот круг
Во Демир Капија до 13 часот во вториот круг на локалните избори излезноста изнесува 44,41 проценти, информираше за МИА претседателот на Општинската изборна комисија, Благој Јовановски
Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, ја известува јавноста дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес, соопшти Јавното обвинителство