Абилити Ап е смарт апликација која ќе им помага на лицата со попреченост да се движат на јавни места, давајќи им информации за тоа каде има рампа за ортопедска количка, паркинг простор, ресторани со менија на Брајово писмо и други слични корисни информации.
Со заклучување на продажбата на Јаху, се завршува 21-годишното постоење на таа компанија на берза.
Компанијата Интел наскоро ќе пушти во продажба компјутер со големина на кредитна картичка, наречен „Компјут Кард“, чијшто спецификации може да се споредуваат и со некои лаптопи.
Социјалната мрежа WhatsApp наскоро ќе воведе нова популарна опција „избриши”, со чија помош ќе може да ги стопираат и избришат пораките, фотографиите, видеоснимките или документите кои веќе сте ги пратиле некому, а не сакате да ги прими.
Oд најпопуларната социјална мрежа на светот тестираат можност корисниците да можат полесно да ги контактираат нивните локални политички претставници.
Инстаграм наскоро ќе става „воден печат“ на фотографиите направени на фотошоп со цел сите корисници да знаат дека таа објава е обработена.
Компанијата LG во септември планира да го претстави смартфонот V30 кој веројатно ќе има OLED наместо LCD екран.
Компанијата „Самсунг“ на конференцијата за технологија на дисплеи „Досплеј Вик“ во Калифорнија, ги претстави новите прототипи на ОЛЕД екрани, кои можат да се виткаат и растегнуваат.
Доколку сакате да го промените звукот на Вибер, потребно е само да ја ажурирате Вибер апликацијата на верзијата 6.8.7. Новата верзија овозможува бирање на тон за секој чет поединечно.
Се разбира, MП3 форматот и натаму ќе може да се употребува, но форматите со повисок квалитет и функционалност, полека но сигурно го поттиснуваат со своите стандарди.