Судењето за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година „Титаник 3“ продолжува на 18 ноември, откако на денешното рочиште исказ даваше обвинетиот Исмет Гури
И покрај обидите на некои земји членки да го вратат проширувањето и преговорите со Македонија и Албанија на дневен ред на Самитот на ЕУ денеска, според дипломатите во Брисел шансите се речиси непостоечки
Тој потенцира дека е свесен оти изминативе неколку дена „секој од нас, на одреден начин, беше под притисок на измешани чувства – на исчекување и надеж, но и на чувство на немир и тензија
Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел, напиша на Твитер поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас, додавајќи дека неодредениот датум за почеток на пристапни преговори за Македонија е порака на слабост и пораз за европска структура
Најмалку што Европската Унија му должи на регионот е да биде јасна кон нас. Ако не постои веќе консензус за европската иднина на Западниот Балкан, ако ветувањето од Солун во 2003 повеќе не важи, граѓаните заслужуваат да знаат, напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров на Твитер
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се огласи на Твитер по вчерашниот неуспех на лидерите на ЕУ да донесат јасна и суштинска одлука, како што ветија во јуни, за стартот на преговори со Македонија и Албанија
Судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, „Траекторија“ продолжува на 13 ноември
Министерката за правда Рената Дескоска се обрати на меѓународната конференција посветена на справувањето со несоодветното постапување на полицијата содржани во пресудите на Европскиот суд за човекови права и при тоа најави измени на Кривичниот законик за кривични дела поврзани со тортура
Околу 20 проценти од населението живее под прагот на сиромаштија, покажуваат статистичките податоците и податоците од граѓанските организации
Забрзувањето на протокот на стоката со олеснување и поедноставување на процедурите на границите за превозниците е клучно за да може патниот транспорт да има вистински придонес во развој на економијата и животот на луѓето