Безбедносната состојба во Македонија е мирна и нема терористички закани, иако секогаш постои опасност од тероризам. По притворањето на седуммината странски борци на Исламска држава (ИД) по потекло од нашата земја, според извори на безбедносните служби, соостојбата кај нас е под контрола.
Анализите во референтната лабораторија во ЕУ потврдија присуство на ГМО во соините шницли и трошки увезени во земјава од Србија од страна на компанијата Виталија, а дистрибуирани преку КАМ ДОО Скопје.
Македонија и Бугаријаат имаат искрено пријателство и соработка. Ова го порачува премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапките на доделување договори за јавни набавки во Министерството за здравство.
Уште еден висок претставник на НАТО во посета на земјава, откако на Самитот во Брисел во јули доби покана за членство со порака за поддршка на напорите Македонија да стане 30.членка на Алијансата.
Како членка на НАТО, Македонија е подготвена да ги сподели сите обврски и одговорности за одржување на регионалната и меѓународната стабилност, рече заменик-министерот за финансии, Ширет Елези на изјави за медиумите како дел од делегацијата предводена од страна на премиерот Заев, на состанок со генералниот на НАТО, Куртис Скапароти.
Членството во НАТО овозможува перспективна иднина за Македонија - тоа ќе има огромни позитивни ефекти за безбедноста и просперитетот и на поширокиот регион, заклучија денеска премиерот Зоран Заев и врховниот командант на НАТО силите за Европа и командант на Командата на американските сили во Европа, генерал Куртис Скапароти на денешната средба во Скопје.
Делегација на Здружението на новинарите на Македонија се сретна со претставници на Набљудувачката мисија на ОДИХР, со кои разговарале за измените на Изборниот законик и референдумот, а кои имаат директно влијание врз работата на медиумите.
Резултатите од испитувањата во лабораторијата на Институтот за јавно здравје покажаа дека двете лица (дете и жена) немаат вирус на западнонилска треска.
По лабораториските наоди за два позитивни резултати во крвта кои укажуваат на можна инфекција, во тек се дополнителни испитувања во лабораторија на Институтот за јавно здравје за да се потврди или отфрли присуството на вирусот на западнонилска треска кај две лица (дете и жена). Резултатите се очекуваат до крајот на денот или утре изутрина.