Премиерот Зоран Заев, кој е во официјална посета на Израел, денеска ќе има работен ручек со израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху.
Министерката за образование и наука Рената Дескоска Тренеска денеска по повод почетокот на новата учебна година ги посети основно училиште „Браќа Миладиновци“ и средното стручно училишта „Перо Наков“ во Куманово.
Над 20.000 првачиња ќе седнат во училишните клупи во новата 2017/2018 година, која наместо традиционално на 1 септември, со одлука на Министерството за образование и наука почнува денеска.
- Работиме на интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО, коишто значат стабилност, но и можности за инвестиции и економски развој. Наша зацртана цел е квалитетен живот за граѓаните во Македонија, рече премиерот Заев.
Во рамки на посетата на Израел, македонска владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска го посети Меморијалниот центар на Холокаустот во Ерусалим.
Централното одбележување ќе се одржи пред и во Владата на Република Македонија на 7 септември во попладневните и вечерните часови.
Демократската и реформска Влада во Македонија отвора можности за интензивирање на безбедносната и економска соработка со Израел, заклучиле на денешната средба премиерот Зоран Заев и израелскиот претседател Руевен Ривлин.
Премиерот Зоран Заев, придружуван од владина делегација и од повеќемина претставници на бизнис заедницата во Македонија, е во официјална посета на Израел.
Граѓанското здружение „Тврдокорни“, денска во Скопје протестираше против најавениот закон за двојазичност, населување на мигранти и побара да не се дели Македонија меѓу Бугарија и Грција.
Владината делегација ќе присуствува и на Македонско-израелски бизнис форум, кој ќе се одржи на тема „Интензивирање на бизнис и економската соработка меѓу Израел и Македонија“.