Претседателот Ѓорге Иванов уште вчера го добил указот за Законот за употреба на јазиците, но не се знае дали ќе го потпише или ќе го искористи правото на вето.
Иницијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликите околу името, очекуваат владите во Скопје и во Атина од медијаторот Метју Нимиц на претстојната рунда разговори за на 17 јануари во Њујорк.
Протестот почна уште напладне, додека се гласаше Законот. Група од 10 - 15 луѓе со знамиња на Вергина веќе беа пред Собранието, но сообраќајот не беше сопрен.
Пратеничката група на Беса го поддржа Законот за употреба на јазиците иако со него не се официјализира употребата на албанксиот јазик, изјави пратеникот Фадил Зендели во Собранието по донесувањето на Законот.
Пратеникот од ДУИ Артан Груби изјави дека со донесувањето на Законот за употреба на јазиците се заокружува нормативниот дел од Охридскиот рамковен договор.
Законот беше изгласан и со двојно мнозинство, односно за него гласаа 27 пратеници од немнозинските заедници, а еден беше воздржан.
Костадиновски и Кадриу доаѓаат на местото на судијките Наташа Габер Дамјановска и Гзиме Старова, на кои мандатот им заврши во октомври годинава. Тие беа избрани за судии на Уставен на предлог на претседателот Бранко Црвенковски во 2008 година.
Основниот суд Скопје 2 ја прифати тужбата на Али Ахмети и Муса Џафери против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски дека ги наклеветил оти примиле мито од „Маџар телеком“. Одлуката денеска ја објави Основниот суд Скопје 2 на својата веб-страница.
Новите производни одделенија се простираат на површина од 1000 м2 а вредноста на оваа нова инвестиција на „Алкалоид АД Скопје“ изнесува над2,5 милиони евра. При изведбата на сите овие проекти, имплементирани се најсовремените стандарди за Добра Производна Пракса (GMP).
Интегрален текст од пораншената директорка на Клиниката за Гинекологија и акушерство, Д-р Марија Хаџи Лега во врска со обвинувањата кон нејзе за проневера на 150.000 евра.