На 26 јануари почнува судењето за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села,кој беше нападнат на 27 април во Собранието на Република Македонија. Случајот ќе го води судијката Славица Андреевска.
Во Апелацискиот суд се закажани јавните седници на коишто се одлучува за притворите на дел од осомничените кои според обвинителството учествувале во настаните од 27-ми април.
– Би се согласил да има делење на објектот, но не можам да прифатам објект со 50 метри квадратни да има тераса од 500 метри квадратни и да нема сразмерност и се прави изигрување, рече Милевски.
За тие предлози завчера во Законодавниот дом заврши претресот без дебата, но бидејќи немаше кворум претседателот на Собранието, Талат Џафери гласањето го презакажа за денеска.
Во моментов постои консензус терминот Македонија да се најде во која било варијанта за решавање на спорот со Грција за името, изјави вечерва вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во интервју во Анализа 24.
Разговорите, како што информираа од МНР за МИА, ќе се фокусираат на прашања од билатерален интерес, како и на натамошно зајакнување на мерките за градење доверба.
Директорот на државниот просветен инспекторат, Томе Спировски изјави дека по неговото разгледување на записниците од сите градови дошол до заклучок дека училиштата не реализирале верско делување.
Тој за време на денешната стручна расправа околу формирањето Оперативно техничка агенција, како посредно тело за ограничување на контролата на системите за прислушување во земјава, додаде дека не треба непотребно да се трошат пари.
Првата јавна седница на која се разгледуваат жалбите на притворените за настаните од 27 април во Собранието, се уште трае, а се расправа на барање на актерот Владо Јовановски и осомничените Горан Ѓошевски, Мунир Пепиќ и Оливер Поповски.
Од Владата велат дека се задоволни од она што го има сработено Советот за реформи во правосудството. Новоформираното тело, велат од Владата, ќе продолжи со имплементацијата на реформите.