На средбата со јавните обвинители од скопското Јавно обвинителство, Јовески побарал во следниот краток период да ги преземат сите потребни дејствија по предметите по кои постапуваат, да се донесат правични и законски одлуки, засновани врз утврдени докази.
Се бара решение за статусот на дваесетината Роми вработени во Владата кои добија откази, бидејќи претходниот период земале пата, а не оделе на работа, истакна министерот без ресор, Аксел Ахмедовски при посетата на Делчево.
Споредено со годините претходно трендот бележи намалување. Во 2015 година од Македонија се отселиле 767 лица, во 2014 година 740, во 2014 година 945 лица, а во 2012 година земјата ја напуштиле 1.330 лица.
Премиерот Зоран Заев е оптимист дека во првата половина од годинава може да се реши проблемот со името и дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите и покана за членство во НАТО што позитивно ќе влијае и на економијата.
Смета дека Македонија сигурно ќе ги реши политичките и економските проблем до следниот самит на НАТО што ќе се одржи во Брисел на 11 и 12 јули, а за прашањето за името вели дека од наша страна ќе направиме се, но не може да гарантираме што ќе се случи на другата страна.
Документарните канали на „Дискавери“ и спортските канали „Еуроспорт“ се исклучени од понудата на операторите по одлука на самите оператори, информираа од агенцијата „Креативне идеје“, што ја застапува корпорацијата „Дискавери комјуникејшенс“
По многуте забелешки од граѓаните изминативе години дека 2 јануари треба повторно да биде неработен ден, Министерството за труд и социјална политика најавува преиспитување на Законот за празниците на Република Македонија.
Премиерот Зоран Заев ветува дека 2018-та ќе биде добра година, порачувајќи дека не е време за избори, туку за работа.
Од министерството за труд и социјална политика известуваат дека по повод православниот христијански празник Божик – 7 јануари (недела), неработен ден за сите граѓани на Македонија е 8 јануари (понеделник).
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, прими писмо со пораката на Папата Франциск по повод 1 јануари, Светскиот ден на мирот, празник востановен од страна на Католичката црква во 1967 година.