Мeѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES) на главниот обвинител на Специјалното јавно обвинителство на Република Македонија, Катица Јанева ѝ го додели високото признание „Најдобар главен обвинител на Балканот“
Владата денеска ќе ја одржи 40. седница на која ќе разгледа прашања од повеќе области, а меѓу нив и Националната стратегија за борба против перење пари и финансирање на тероризам, која е на предлог на Министерството за финансии.
Обвинителството побарало притвор за сите 36 обвинети за насилството во Собранието на 27 април, а меѓу нив и за поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, дознаваме неофицијално.
По повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, попладнево пред Кривичниот суд се одржува протест поради денешните приведувања на пратеници од нивната партија заради учество во настаните во Собранието на 27 април.
Џафери велим дека како претседател на Собранието нема намера да ја коментира одлуката и надлежноста на соодветното Обвинителство по однос на наредбите што тоа ги издаде.
Претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски денеска изјави дека до овој момент до Собранието на Република Македонија не е пристигнат никаков допис од Судот со барање за повлекување на имунитет на пратеници.
Неговата ќерка Зорица Чавкова вели дека рано утринава околу 5 часот полицијата упадна во нивниот дом и направила претрес кој содржел безброј нерегуларности по што го одведоа нејзиниот татко Митко Чавков на сослушување во кривичниот суд.
Инаку, триесет и шест лица се гонат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, соопшти Јавното обвинителство.
Неофицијално, според информации кои ги пренесе Нова се трага по Богдан Илиевски, на социјалните мрежи познат како Бетмен велит и Александар Дамовски, двајцата дел од иницијативата За заедничка Македонија.
Повик до сите граѓани кои не се согласуваат со антидржавната политика на СДС да излезат на протест пред основниот суд Скопје во 13:30 часот.