Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас повеќе пати напомена дека прашањето ќе биде решено во првата половина на 2018 година, предупредувајќи дека доколку ова не се случи ќе има големи потешкотии.
Бројот на пациенти е во пораст, меѓутоа, со сигурност не можам да тврдам дали овој зголемен број се должи на аерозагадувањето, кое со децении е присутно, истакнува директорот на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ.
Од буџетот за 2018 година, за заштита на животната средина планирани се 0,4 отсто од вкупните расходи, најнизок процент досега, велат од Коалицијата за чист воздух „О2“ .
Собранието за денеска напладне ја закажа 23. пленарна седница, на која единствена точка на дневен ред се прашањата што пратениците ќе ѝ ги упатат на Владата.
Градската болница 8-ми септември распиша оглас за вработување на 60 медицински сестри. Кандидатите потребно е да ги исполнуваат условите предвидени во Законот за здравственa заштита.
Специјалното јавно обвинителство на денешното рочиште од судскиот процес „Труст“ презентираше вкупно 1.560 докази, наведени на 81 страница, против бизнисменот Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, обвинети во случајот.
Претседатели добија основните судови во Ресен, односно Емел Кранли, нов претседател на кумановскиот Oсновен суд е Снежана Манев, а Хаца Асан е претседател на Основниот суд во Тетово.
Нема ништо поважно од тоа меѓусебно да се разбираме. Не се оптоварувајте со историја, живејте го животот, порача бугарскиот премиер Бојко Борисов, одговарајќи на новинарско прашање по денешната заедничка седница на владите на Бугарија и на Македонија.
Владата има дневна отворена комуникација на сите нивоа со Европската комисија. Се расчистуваат дилеми и прашања, искрено и директно. Впрочем, реализирани се повеќе реформски чекори што се гледа и од изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје.
Соработката помеѓу министерствата за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија е одлична, нагласиле министрите за внатрешни работи на двете земји, Оливер Спасовски и Валентин Радев, на работната средба пред почетокот на заедничката седница на двете влади во Струмица.