Јазикот и културниот идентитет се најважни приоритети во културната политика на новата Влада и оттука во првите сто дена се отпочнати процеси за измени на Законот за употреба на македонскиот јазик.
Државната изборна комисија (ДИК) во петокот добила известување од судот дека АКМИС не работи, поради што судот не може да издава потврди за неосудуваност на кандидатите за градоначалници.
Околу 2.000 студенти се запишаа на факултетите и академиите на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, изјави денеска ректорот на УГД, Блажо Боев. Тој истакна дека во новата академска 2017-2018 година имаат помал број на запишани студенти во споредба со лани.
Специјалната обвинителка Катица Јанева ужива поголема доверба кај граѓаните од сите политичари, кажува последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) спроведена од 4. до 21. август во Македонија.
Автопатот Миладиновци - Штип ќе биде комплетно завршен за една година. Изградбата тече континуирано наместа со застои поради проблемите што се појавуваат со експропријација на земјиштето. Градежните работи се завршени со 75 проценти.
Поради отсуство на судијката, денеска во скопскиот Кривичен суд е одложено рочиштето за случајот „Сопот“ за 9 октомври.
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска беше домаќин на третиот заеднички комитет на Македонија и на Црна Гора, кој се одржа во Скопје.
Каракачанов со поддршка за единството и територијалниот интегритет, понуди помош за решавање на спорот со името Бугарија го поддржува државното единство и територијалниот интегритет на Македонија
Сакам изрично да нагласам за да ги прекинам политичките шпекулации – ги поддржуваме државното единство и територијалниот интегритет на Република Македонија.
Собранието на Република Македонија денеска ја почна расправата по Предлог-законот за зголемување на минималната плата со кој официјално треба да започне исплатата на минималната плата во износ од 12.000 денари.