Отпочнување процес за ратификација на Истанбулската конвенција или конвенција за спречување и заштита од насилство врз жената вклучително и домашно насилство, е еден од приоритетите на Владата заедно со сите министерствата.
Бројот на видовите животни и птици кој постојано или привремено живеат во Р. Македонија е поголем. Наведените видови животни и птици се сметаат за интесесни од аспект на ловството, но сите 127 вида немаат подеднакво значење.
Денот на Републиката- Илинден се одбележува и во Авганистан, каде припадниците на АРМ кои се во мировната мисија „Одлучна поддршка“ се домаќини на сите останати мировници.
Како што соопшти Службата за информирање во Владата, Пенс истакнал дека за САД од големо значење се демократските процеси и во делот на борбата против корупцијата, слободни медиуми, витализирање на граѓанското општество, доброто управување.
Како што информира владината прес-служба, црногорскиот премиер истакнал дека Црна Гора споделила значајно искуство и дека има голема промена во интересот на странските инвеститори за вложувања во Црна Гора откако државата станала членка на НАТО.
Македонија ја интензивира соработката со земјите од регионот и очекува да стане 30. членка на НАТО, изјави македонскиот премиер Зоран Заев денска во Подгорица каде што учествува на Самитот на земјите од Јадранската повелба со потпретседателот на САД Мајк Пенс.
Народниот собир во Трново го отвори Иван Џо Петрески, претседател на Матицата на иселениците од Македонија, кој истакна дека Илинден е духовна ризница со безвремена вредност.
Франција го поздрави Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија со оценка дека ќе овозможи двете земји да ги продлабочат дијалогот и соработка и ќе придонесе за зајакнување на стабилноста во регионот на Балканот.
Џафери истакна дека периодот кој следи, налага многу работа и сериозни, а можеби на прв поглед, и тешки одлуки и решенија, кои во еден разумен рок ќе ја покажат придобивката за сите граѓани.
Го поздравуваме Договорот за пријателство, добрососедство и соработка што на 1 август го потпишаа премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев, изјави заменик-генералниот секретар на НАТО Роуз Готемeлер.