Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре - 20 мај 2017 година, сабота, ќе престојува во работна посета на Хашемитското Кралство Јордан.
Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини на 24 мај во Брисел ќе ги очекува актуелните премиери на Балканските држави.
По повод Денот на бригадата за логистичка поддршка (брЛП), која е дел од АРМ, денеска во Техничко-ремонтниот центар (ТРЦ) во Скопје ќе се одржи воена свеченост.
Критиките на македонскиот претседател Ѓорге Иванов се неумесни, порачуваат од германското Министерство за надворешни работи.
Одложено е рочиштето за деветмината насилници кои тепаа пратеници во Собранието на 27 април, бидејќи обвинетиот Ангеле Зафировски познат како „Бате Геле“ не бил спроведен од домашен притвор.
Бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“, нема да оди во притвор и ќе се брани од слобода.
Оперскиот пејач Игор Дурловски поднесе оставка од местото директор на МОБ и од позицијата професор на Факултетот за музичка уметност.
Во Македонија склучени се 13.199 бракови минатата година и има намалување за седум проценти во однос на претходната година, додека бројот на разводи лани изнесувал 1.985 и бележи намалување од 9,8 проценти.
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ја поднесоа претставката пред Уставниот суд за оценка на законитоста на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.
Најголем број дојавувачи се машки возрасни лица и од урбани средини. Четири од дојавувачите се деца, а по националноста, најголем број или 41 се од македонска, три од албанска и еден од ромска националност.