Денешната посета на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на Скопје е во рамките на процесот за нормализирање на односите меѓу Грција и Македонија, по воспоставуваето нова власт во Скопје, пишува „Катимерини“.
Судскиот совет на денешната седница донесе одлука работното време на судовите да почнува во 7.30 часот и да завршува во 15.30 часот, наместо како што беше досега, од 8.30 до 16.30 часот.
Четиримесечно новороденче од Гевгелија со респираторен инфект и тежок малформативен синдром со засегнувања на повеќе органи – срце, белите дробови, почина денеска на Одделот за интензивна нега при Клиниката за детски болести.
Kако компанија која секогаш нуди повеќе за своите корисници, Вип ги реализираше и продолжува да ги реализира ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација во движење преку најсовремена мрежа и тоа под најповолни услови.
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека очекува Законот за употреба на јазиците, кој со европско знаменце е доставен до Собранието, да се најде пред пратениците на 13 септември и да добие поддршка од сите политички партии.
Од вкупно предвидените 73 мерки во делот 3 од Планот 3-6-9 досега се реализирани 34 мерки што претставува реализација од скоро половина од мерките, 30 се во тек, но се во рамки на роковите, а за неколку веќе имаме констатирано дека доцнат.
Се надеваме дека тој момент ќе го препознаат и сите од коишто зависи ова прашање, изјави Димитров на маргините на конференцијата „Македонија кон целосно членство во НАТО“ што се одржува во Скопје.
Првиот чекор во оваа насока, како што беше речено на денешниот брифинг со новинарите во Владата, е вчера донесената одлука за декласифицирање на договорите со странските инвеститори за доделување државна помош.
Како земја која се гледа себеси како членка на Алијансата во наредниот период ќе го зголемиме своето учество во меѓународните мировни мисии за 20 проценти, а буџетот за одбрана ќе го зголемиме за референтни 0,2 отсто секоја година, изјави Димитров.
Дејвид Атбери, претставник на УСАИД за Македонија, нагласи дека подобрувањето на инспекциските служби на македонскиот пазар ќе придонесе за унапредување на деловното опкружување и на економијата.