Како што соопшти Министерството за одбрана, на свеченоста е најавено присуство на делегации од државите членки на SEEBRIG – Албанија, Бугарија, Грција, Романија, Македонија, Турција и од Босна и Херцеговина како земја набљудувач.
Владата на Република Македонија ниту имала намера, ниту дала наредба или инструкција, ниту извршила разузнавачки дејства против и на штета на некоја од нашите соседни земји вклучувјаќи ја тука и Србија.
Република Македонија нема да ги искористи 119,7 милиони евра од европскиот инструмент ИПА 1, а новата Влада прави напори до крајот на годината да се искористат 30 милиони евра.
Османи посочи дека во комуникација со властите на Косово добил информација дека во моментов Приштина воопшто нема поднесено апликација за прием во УНЕСКО.
Потребна е поинтензивна меѓуинституционална соработка и координација за поквалитетно справување со пожарите, смета министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) од јуни до средината на август годинава, вторпат по 2009 година, изврши авионско снимање на целата територија на Република Македонија.
Во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), лани недостасувале 21,2 милијарди денари што е трипати повеќе од 2005 година, кога трансферот од буџетот во овој Фонд изнесувал 7,7 милијарди денари.
Во постапката за остварување на правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице престанува потребата да се доставува конзилијарно мислење и наод од најмалку тројца лекари специјалисти од соодветни специјалности.
Владата на Република Македонија денес ќе ја одржи 24-тата седница.
Собранието на Република Македонија да направи измени во Законот за пратениците и да донесе Кодекс за етика на пратениците заради отстранување на проблемот со наплатата на нереално високи надоместоци за патни трошоци на пратениците.