– Не знам зошто сум осомничен. Денеска се договоривме, во некој од наредните денови да извршиме увид во доказниот материјал и во списите, ако воопшто ги има – рече Котевски.
– Македонија сврти нова страница по политичката криза, која траеше предолго. Ова е нов почеток, но има многу за работа за да се спроведат реформските приоритети – рече Хан.
На средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во Брисел, денеска македонскиот премиер Зоран Заев порачал дека новата влада е подготвена да води квалитетен реформски процес.
Новата Влада е одлучна да ги спроведе неопходните реформи за забрзување на евроинтегративниот процес на Република Македонија, истакнал македонскиот премиер Зоран Заев.
Комесарот за преговори за проширување на Европската унија Јоханес Хан, денеска на прес-конференција во Брисел, одржана еден час пред неговата средба со претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров во среда ќе ја посети Атина што е прва официјална посета на покана на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, информира грчкиот весник „То Вима“.
Според Димитров се уште е рано да се разговара за конкретни предлози, но дека ќе се обидел да ги обнови добрите односи со Грција, кои што беа нарушени по ветото во 2008. година.
„Катимерини“ коментира дека притисокот врз Атина ќе почне веќе во наредните месеци, додека извори за весникот изјавиле оти германскиот притисок врз Атина за брз прием на Македонија во НАТО веќе станува „задушувачки“.
Според МНР, согласно изјавата на Димитров, насловот би требало да гласи: „Македонија ја разгледува можноста за користење на привременета референца за зачленување во НАТО“.
Македонија размислува за можноста да го смени името, во обид да го одблокира грчкото противење за членството во НАТО, изјавил според „Фајненшел Тајмс“ министерот Никола Димитров во интервју за весникот.