Од утре до 23 април во „Скопје сити мол“ ќе бидат поставени промотивни штандови за пријавување за учество. Планирано е дневно да се обучуваат по 20 лица, по што ќе можат да се вклучат во натпреварот.
Политичките односи меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина се одлични, но недостига поинтензивна економска соработка на која мора да се работи во следниот период.
Вицепремиерот за европски прашања д-р Арбр Адеми, денес оствари редовна работна средба со евроамбасадорот Самуел Жбогар, на која се дискутираа повеќе теми од европската агенда на Република Македонија.
Како што соопштија од кабинетот на претседателот, на бизнис форумот кој е предвидено да се одржи во Министерството за надворешни работи, ќе учествуваат стопанственици од Република Македонија и од Босна и Херцеговина.
Претседавачот на Претседателството на БиХ Младен Иваниќ денеска изјави дека не е запознат во детали со тиранската платформа, но оти се што доаѓа од надвор не може да биде добро за земјата.
Државниот инспекторат за земјоделство откри сериозни отстапувања во работата на струмичките откупувачи кои во овој период купуваат пролетна зелка.
За домашните ИКТ компаниите е предизвик да најдат нов кадар поради големата побарувачка на пазарот, но се задоволни од понудата од ИКТ факултетите.
Родителите не треба да го одложуваат вакцинирањето на децата со вакцината против морбили, рубеола и паротит – МРП, бидејќи таа е квалитетна, проверена и безбедна и со години се употребува.
Денеска со мојот пријател и колега, господинот Иваниќ, имавме навистина одлична и содржајна средба, на којашто разговаравме за сите прашања што се од заеднички интерес за Македонија и Босна и Херцеговина.
Температурите, посебно утринските, кои во наредните денови ќе се спуштат и до минус четири степени, може да бидат катастрофални за овошјето и виновата лоза, предупредуваат агрометеоролозите.