Врховниот суд денеска го разгледа барањето на Специјалното јавно обвинителство за заштита на законитоста за пресудата за шестообвинетиот во случајот „Пуч“, Звонко Костовски, но од технички причини ја одложи за понеделник.
Главниот и одговорен уредник на „Македонската радио-телевизија“, Диме Ратајковски, поднел оставка од својата функција, потврдил за „Плусинфо“ извршниот директор на МРТ, Марјан Цветковски.
Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими генерал-мајор Стивен Креј, командант на Националната гарда на сојузната држава на Соединетите Американски Држави, Вермонт, кој престојува во посета на Република Македонија.
Собранието на Република Македонија денеска го објави огласот за именување нов државен јавен обвинител, по разрешувањето на Марко Зврлевски од оваа функција на 17 август.
Мнозинството граѓани на Република Македонија имаат доверба во полицијата, која е втора институција со највисок рејтинг, по образовните институции.
Македонија се надева дека направи доволно за да ја убеди Европската Унија да почне преговори и покрај тоа што сè уште не е решен спорот со Грција за името, изјави вчера шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, за „Ројтерс“.
Економскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ денеска ќе ја промовираат првата генерација учесници на Професионалната програма за одржливо лидерство.
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 15. седница на чиј дневен ред е Предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање.
Координаторот на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски побара пауза, но претседателот на собранието Талат Џафери го одби неговото барање, по што десетина опозициски пратеници излегоа и ја блокираа говорницата.
Во текот на утрешниот ден делегацијата од НГ на Вермонт ќе оствари средба со Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и со собраниската комисија за одбрана и безбедност во Собранието на Република Македонија.