Каракачанов со поддршка за единството и територијалниот интегритет, понуди помош за решавање на спорот со името Бугарија го поддржува државното единство и територијалниот интегритет на Македонија
Сакам изрично да нагласам за да ги прекинам политичките шпекулации – ги поддржуваме државното единство и територијалниот интегритет на Република Македонија.
Собранието на Република Македонија денеска ја почна расправата по Предлог-законот за зголемување на минималната плата со кој официјално треба да започне исплатата на минималната плата во износ од 12.000 денари.
Врховните судии денеска треба да одлучуваат по барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за предметот „Талир“, односно да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ.
Висока делегација на Црна Гора предводена од министерот за европски прашања и главен преговарач на Црна Гора во преговорите со ЕУ, Александар Андрија Пејовиќ ќе го посети Скопје.
Бугарскиот министер за одбрана Каракачанов ќе ја посети и касарната „Илинден“ во Скопје каде што Полкот за специјални операции ќе изведе показна вежба.
Премиерот Зоран Заев до 23 септември ќе присуствува на Генералната дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, кое оваа година се одржува по 72. пат, во седиштето на Светската организација во Њујорк.
Група од педесет припадници на американскиот Мировен корпус денеска допатува во Македонија. Следните две години тие ќе ги поминат волонтирајќи во училишта и во организации низ земјава.
Собранието на Република Македонија денеска го донесе законот со кој се укинува плаќањето на радиодифузната такса.
Во Македонија минатата година шест лица беа идентификувани како жртви на трговија со луѓе, додека во соседните држави се идентификувани 100 до 150 лица, покажуваат последните истражувања, според кои бројката на лица со кои се тргува е многу поголема од официјалната.