Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Германија, на Перу и на Белорусија.
Евроамбасадорот, како што извести Владата, рекол дека во Брисел постои оптимизам за идните чекори на Македонија и дека земјата ја има досега најголемата шанса за напредок во евроинтеграциите.
Собранието на Република Македонија на денешната 13. седница ја почне расправата за интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, поднесена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Државниот завод за статистика не може да обезбеди голем број на податоци кои им се потребни на невладините организации оти тие се обезбедуваат единствено со Попис на населението, кој во Република Македонија не е одржан од 2002 година.
Учебниците се повлечени и учениците и наставниците не треба да ги користат во наставата, а Бирото за развој, како што рече министерката, до крајот на неделата треба на својата веб страница да објави прирачник за наставниците по кои тие ќе предаваат по овие два предмета.
Заев смета дека е достижно да се создадат услови децата со попреченост да се оспособат и кога ќе пораснат да можат да работат.
Агенцијата за млади и спорт (АМС), ѝ додели на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) еден милион денари за успехот на ракометари до 21 година, кои на Светското првенство во Алжир го освоија шестото место.
Европската Унија ги поддржува реформските напори во Република Македонија, а тоа јасно ги вклучува и очекувањата од претстојните локални избори, односно нивното фер и ефикасно спроведување, денеска потенцираше портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.
До Комисијата се уште не се пристигнати одговори на барањата во врска со приговорите кои беа прифатени на претходните јавни седници, а во врска со откази и дисциплински постапки по распишување на изборите.
ДКСК, посочи Тантуровски, не може да ги знае потребите на секоја институија одделно. Тие носат своја одлука со која потоа од Агенцијата за вработување може да поднесат барање за вработување.