Речиси двојно поголемо зголемување во истиот период бележат и разведените бракови. Во ова тримесечје од годината се разведени 436 бракови што, според ДЗС е зголемување од 13,5 проценти во споредба со истиот период од 2016 година.
На денешната седница Советот на јавни обвинители за вршител на должноста државен јавен обвинител ја избрал Лилјана Спасоска, која ќе го менува разрешениот Марко Зврлевски до изборот на нов јавен обвинител на Република Македонија.
Досегашниот претседател на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, денеска изјави дека се повлекува од оваа функција од лични и од семејни причини, без да образложи повеќе детали за ваквата одлука.
Како што соопшти МНР, Македонската амбасада во САД е во контакт со официјалните служби, одговорни за справување со природната катастрофа, за какви било нови информации.
Премиерот Зоран Заев денеска го посети Берово и манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, од каде на сите христијани им го честита празникот и им посака здравје, среќа, личен и колективен бериќет.
Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов им го честитал големиот христијански празник на присутните верници и им посакал празничниот ден да го поминат во добро здравје, радост и среќа.
Во 2016 година за 166 државни службеници кои не доаѓале на работа биле исплатени 50.776.872 денари или речиси 830.000 илјади евра, со што за истата сума е оштетен буџетот на Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на сите рудари им го честита 28 август, Денот на рударите во Република Македонија, посакувајќи им професионален и личен успех.
Од Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица кој е во изградба, премиерот Зоран Заев упати празнична честитка до христијанските верници.
На прославата во рудникот Суводол традиционално беа прогласени и најдобрите рудари за оваа година како и победниците на спортските работнички игри, кои синдикалната организација ги организира во чест на Денот на рударите.