Владата на денешната седница ја усвои декларацијата за слободни и фер избори, како темелна вредност која произлегува од членот 22 од Уставот на Република Македонија.
Македонија слободна, слободно живее - ова е слоганот под кој ќе се одбележи оваа година Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми септември.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Република Полска, во Крињица-Здруј оствари средба со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда.
На вториот ден од Форумот што се одржува на Блед, Никола Димитров оствари средби со заменик генералниот секретар на НАТО Роуз Готмелер и заменикот помошник државен секретар на САД Брајан Хојт Ји.
Предлог-законот за употреба на јазиците е последното легалистичко прашање со кое се затвораат отворените прашања од Рамковниот договор, кој е преточен и во Уставот, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Заев укажа на фактот дека пред стотина дена почна акцијата за враќање на парите кај граѓаните и посочи дека оваа Влада уште на стартот се соочила со големиот предизвик да направи ребаланс на Буџетот, во чие креирање, како што рече, таа не учествуваше.
Предлог законот за јазиците е дел од Рамковниот договор, фундамент на меѓуетничките односи и евро-атлантските интеграции, се наведува во соопштението од кабинетот на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи
Одборот за доделување на Државната награда во областа на спортот „8 Септември” за посебни остварувања во областа на спортот ги награди Ѓокица Николовски (кајак), Ристо Магдинчев (ракомет), Александар Коцевски (пливање) и Петар Белистојановски (карате).
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на Блед на состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа ја нагласи важноста од политиката на пријателство, добрососедство и соработка во контекст на европската интеграција.
Приговорите на двајцата поранешни вршители на должност беа одбиени поради тоа што одлуките за нивно разрешување биле донесени пред денот на распишувањето на локалните избори.