Македонците најчесто купуваат онлајн од Обединето Кралство, Унгарија и САД. Од македонски веб продавници, пак, најмногу се купува онлајн со американски платежни картички, покажуваат податоците за реализирани трансакции во текот на 2019 година, објавени на веб страната на Народната банка
Според неа, клучно е тоа што шокот со кој сега се соочуваат економиите заради пандемијата на ковид-19, не е од економски карактер и оттука, иако се очекува ефектите на краток рок да бидат поголеми, сепак тоа не би требало позначително да се одрази врз долгорочниот потенцијал за раст на економиите и врз макроекономската стабилност
Министерката за финансии Нина Ангеловска е дел од Акциската група против Ковид 19 основана од Светскиот економски форум
Народната банка апелира до корисниците на парична помош за социјална и детска заштита кои немаат дебитни картички, да поднесат барање за изработка на вакви картички со кои ќе бидат во можност парите да ги вадат и од банкоматите
Македонската банкарска асоцијација (МБА) соопшти дека банките се подготвени да ја извршат исплатата на паричната помош за социјална и детска заштита, притоа водејќи максимална грижа за заштита на јавното здравје
Вкупно 356 барања за финансиска подршка за исплата на плати се поднесени до Управата за јавни приходи преку системот Е- даноци во текот на вчерашниот ден
Тоа е за 16,7 проценти повеќе во однос на претходната година. Само за месец април повратот на ДДВ кон компаниите е 38 милиони евра или за 23 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, соопштија од Министерството за финансии
Сојузот на синдикатите на Македонија спроведува кампања за прогласување најдобра компанија на неделата. Еднаш неделно ССМ објавува кои компании се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период
Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Даноци, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето.
– Првомајска победа на ССМ. Стоп за можноста за отпуштање на работници. Ги враќаме назад отпуштените работници од почетокот на кризата, пишува во соопштението од ССМ.