Здружението „Гласен текстилец“- Штип апелира ниту работниците, ниту работодавачите да не манипилураат и да не објавуваат лажни вести, околу препораките на Владата за да се спречи ширење на коронавирусот. Претседателката на „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева е децидна дека засега немаат забележано непочитување на препораките
Во ситуации кога главен предизвик е решавање на проблемот со вирусот COVID-19, не треба да се гледа можност за постигнување одредени придобивки
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) апелира работодавачите во целост да ја почитуваат препораката за ослободување од работа на еден од родителите, а работниците да пријават во Државниот инспекторат за труд доколку се соочат со непочитување на препораката
Кај компаниите постои расположение да се почитуваат мерките кои Владата ги донесе за справување со штетните последици од Ковид-19, но за да се спречат поголеми штети по економијата мора да се размислува и за ургентна и навремена помош која институциите би му ја овозможиле на приватниот сектор, вели претседателот на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска
До мај се откажани сите групни тури од странство, драстично е намален бројот на туриститите и веќе речиси не постои интерес за посета на државава поради претпазливост
Макроекономските показатели се движат во согласност со очекувањата, но ризиците стануваат се понагласени поради ситуацијата со коронавирусот која се одразува врз глобалната економија, оценуваат од Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка
По намалувањето на каматната стапка во јануари 2020 година, тековната монетарна поставеност е соодветна, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на вчерашната седница, при што одлучи каматната стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од два проценти
Прогнозите на Обединетите нации се дека до 2050 година едно од шест лица ќе биде над 65 години, за разлика од лани кога 1 од 11 лица било на истата возраст. Стареењето на населението е уште поизразено во Европа, каде што според податоците на Евростат во 2018 година едно од пет лица било на оваа возраст, а прогнозите се дека до 2050 година постојано ќе се зголемува бројката на стари лица
Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа одржа тркалезната маса на тема „Прогнозирање и мерки на ефектот на коронавирусот врз економијата”.
Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19) во јануари годинава се пониски за 1,7 отсто на месечно ниво и повисоки за 9,1 отсто на годишно ниво.