Во организација на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, заедно со агенциите и хотелиерите денеска во Белград на 42. меѓународен саем на туризмот, каде се петставени 40 држави и 900 учесници, беа презентирани македонските туристички потенцијали, јави дописникот на МИА.
Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска денеска на средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека сите работи што ќе се прават за доброто на економијата во иднина треба да бидат поддржани со системско решение.
Таа, како што јави известувачот на МИА од Тирана, наведе дека иницијативата има идентификувано четири приоритети.
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) најавува дека ќе се спротистави на, како што соопшти денеска, нетранспаретната и селективна реформа на јавната администрација.
Рамката на прогресивниот данок поставена на 1.500 евра удира и по најдобрите странски експерти кои многу тешко можеме да ги обезбедиме, а во делот на издавањето работни дозволи условите се толку катастрофални што лицата дојдени однадвор да помогнат, се чувствуваат како илегалци
Се планира да се формира заеднички тим на експерти од Македонија и од Бугарија со цел да се соработува на проектот за железничката пруга на Коридор 8, објави домашното ЈП за железничка инфраструктура по средбата на директорот Фестим Халили со неговот бугарски колега Красимир Папукчиски, што се одржа во Софија
Во јануари годинава паричната маса бележи надолна месечна промена од 1,5 отсто, а на годишна основа има зголемување за 7,8 проценти. Вкупните депозити се намалија на месечна основа за 1,0 отсто, но на годишна основа продолжија да растат, за 9,3 проценти, при раст на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, информира Народната банка
Во четвртиот квартал лани со автобус се превезени 20.796.000 патници, што е за 3,5 проценти помалку во однос на истиот период од 2018 година
Крајниот продолжен рок за поднесување на апликациите за користење на средства од ИПАРД 2 Програмата, поточно од Мерка 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ истекува на 26 февруари, информира Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за дваесет дена, односно до 15 март, го продолжи рокот за аплицирање за јавниот повик за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ заради зголемениот интерес, особено од студенти и млади од целата држава