Заостанатите обврски за интервентните мерки од претходните години ќе се исплатат по ребалансот на Буџетот, прецизира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски
Министерството за економија во понеделник ќе организира состанок со надлежни органи и институции за решавање на проблемот што настана откако Косово воведе забарана за увоз на компири и мед од Македонија.
Министерот за трговија и индустрија во Владата во оставка на Косово Ендрит Шаља денеска наложи забрана на увозот на компири и мед од Македонија, како одговор на забраната што Скопје ја воведе за увозот на риба за порибување од Косово
Премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук најавува дека во Република Македонија следува инвестициски циклус од околу пет милијарди евра
Од НФФ посочуваат дека нивните барања се дефинирани преку разговор со лозаропроизводителите и секторски пристап кон решавање на земјоделските проблеми и додаваат дека веќе се презентирани пред винариите и пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
Ова е епилогот од вчерашната средба помеѓу претставници на лозарите и неколку винарски визби, информираат од Здружението „Напредни лозари”
Откупот и продажбата на земјоделски производи во вториот квартал годинава се зголемени за 5,7 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика
Според оценката на раководителите на фирмите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули во однос на јуни годинава е намален за 0,1 процентен поен и изнесува 21,2, а во однос на јули лани е зголемен за 1,3 процентни поени
Прометот во индустријата, вкупно, во јуни во однос на мај годинава се намалил за 7,5 отсто, а споредено со јуни лани за 4,7 отсто, додека во првата половина од годинава во однос на истиот пероид од минатата година се зголемил за 9,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика
Во јуни годинава се издадени 202 одобренија за градење, што е за 1,5 проценти помалку во однос на истиот месец лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 2.269.468.000 денари, за 23 проценти помалку споредено со јуни минатата година