Годишната даночна пријава која граѓанинот ја коригигирал, а добила статус на конечна даночна пријава, порачуваат, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.
– Тука сме со цел да дадеме наша поддршка и експертиза во делот на законот за филантропија и спонзорства во јавните активности.
Во Скопје денеска ќе се одржи Инфо ден за промоција на можности за финансирање во рамки на проектот „Иновативен центар: компаративна предност за поголема конкурентност“.
Можностите за соработка во областа на туризмот помеѓу Исламската Република Иран и Стопанската комора за туризам на Република Северна Македонија ќе бидат разгледани денеска на средба во Скопје.
Во моментов има над 1.100 регистрирани и подигнати апликациски пакети за кофинансирани грантови, по вториот повик на Фондот за иновации и технолошки развој што трае до 15 мај
Според државниот трудов инспектор Моника Митровска Костовска, најзагрозени се работничките права во текстилната, кожарската индустрија, во угоистителството, земјоделството. Има многу пријави и состојбата е алармантна, рече, во текстилниот сектор.
Економската состојба на деловните субјекти во трговијата на мало во првиот квартал била поповолна, оценуваат раководителите на овие претпријатија, но нивните очекувања за наредните две тримесечја се понеповолни, објави Државниот завод за статистика.
Домашните мали и средни претпријатија имаат ограничени ресурси што ги спречуваат да извезуваат на меѓународниот пазар, како исполнување критериуми и стандарди во кои мора да инвестира самата компанија.
Регионалната комора со седиште во Кичево во рамки на Стопанската комора на нашата земја во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој одржа презентација пред кичевските бизнисмени на инструментот за кофинансирање грантови за комерцијализација на иновации
Подобри услови за фирмите и помали трошоци за стопанисување ќе обезбедат дел од проектите од Рамката за партнерство во износ од 420 милиони долари, од Светска банка. Преку нив, ќе се намалат увозните и извозните трошоци на фирмите, а исто така ќе се обезбеди поврзување на домашните фирми со странските инвестиции.