По објавувањето на повикот за ангажирање на двајцата постојани ИТ-експерти следува процес на селекција на кандидатите кој ќе биде спроведен во координација со владини институции што работат во сферата на безбедноста, а потоа ќе следува уште еден повик за составување поширока листа на експерти кои ќе се користат ат хок при контрола на следењето на комуникациите.
Растот на економијата во третиот квартал од минатата година е над проекцијата на Народната банка на Република Македонија, а НБРМ очекува поволните движења во економијата да продолжат и во наредниот квартал.
На обвинувањето од ВМРО-ДПМНЕ дека со законските измени од минатиот месец пензионерите се оштетени и ќе имаат пониски пензии зашто е намален коефициентот за пресметка од 1,61 на 1,54 за 2019 и на 1,47 за 2020 година, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на седницата на пратенички прашања рече дека пензиите растат согласно со законското усогласување.
Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во декември 2018 во однос на декември 2017 година бележи номинален раст за 13,2 отсто, а реален за 9,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на работници во индустријата во декември лани во однос на декември претходната година бележи раст од 2,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Еурокомпозит има перспектива и тврдам дека ќе има успешна трансформација, порача денеска премиерот Зоран Заев од собраниската говорница, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска, која меѓу другото прочита писмо од вработените кои бараат одговор кога ќе им бидат исплатени нивните побарувања.
Канадската амбасадорка за Србија, Македонија и Црна Гора, Кати Чаба, истакна дека Канада има за цел да ја зголеми локалната поддршка за невладиниот и граѓанскиот сектор.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември 2018 година во однос на декември 2017 изнесува 7.9 проценти.
Значително намалени каматни стапки за проектот „Купи куќа, купи стан“, нови поволни модели и прецизирање на условите за добивање на субвенциониран станбен кредит.
Македонија е рангирана на 33. место во светот, а на 17. во Европа според индексот на економски слободи за 2019 година што го изработува Херитиџ фондацијата.