Можностите и предизвиците на медиумската и телекомуникациската индустрија, развојот и улогата на социјалните мрежи и платформи, обновливите извори на енергија и технологиите на иднината, се некои од темите на Самит на Македонија 2025.
Министерството за финансии денеска организира јавна дебата за Предлог-буџетот за 2018 година на која ќе присуствуваат претставници од стопанските комори, синдикатите и невладиниот сектор.
Македонија испратила барање до неколку меѓународни банки за доставување предлози за издавање Еврообврзница во првата половина на 2018 година, објави Ројтерс, повикувајќи се на банкарски извори.
Според податоците што МТСП ги добило од УЈП, финансиската поддршка за минимална плата што ќе ја исплати Министерството за октомври изнесува вкупно 3.262.000 денари наменети за компаниите кои ги исполниле условите за субвенција.
Банките се подготвени и имаат желба да го кредитираат стопанството затоа што тоа носи додадена вредност на економијата и за секој добар проект ќе најдат начин за да добие поддршка.
Во корпоративниот сектор каматната стапка на вкупните кредити во септември се задржа на ниво од 5,4 отсто, идентично како и претходните два месеца, додека на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,6 процентни поени.
Малите држави да покажат отвореност за економска соработка, да обезбедат стабилна и поволна бизнис клима за инвестиции, како и да вложуваат во образование и иновации, се дел од пораките на учесниците на 6. Самит на Македонија 2025, што се одржува од денеска во Скопје.
Два до три милиони долари изнесуваат инвестициите во Македонија кои досега се реализирани преку СЕАФ фондот за инвестирање во земјава преку САД и Канада воспоставена со платформата Македонија 2025, изјави Џон Битов помладиот коосновач и член на Одборот на директори на Македонија 2025.
Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека политичка волја за вакво среднорочно планирање има и оти приоритет на Мнистерството е тоа да се воведе и Македонија да добие среднорочно буџетско планирање.
Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретнал со претставници од авиокомпанијата „Аркиа“ од Израел. На средбата се разговарало за воспоставување на нова линија на релација Скопје -Тел Авив.