Отвореноста на малите држави е единствениот начин за нивен развој, за кој истовремено се неопходни поволна бизнис клима за странски инвестиции, стабилност, конкурентност во однос на даноците, трошоците за работна сила и квалитет на образование.
Од 1 до 10 ноември 2017 година во рамки на специјалната промоција на 20-годишнината авиокомпанијата нуди два билети за бизнис класа по цена од еден и три билети за економска класа по цена од два.
Дводневниот самит е најавен како водечка регионална платформа за споделување на последните светски трендови во бизнисот, инвестициите, технолошките иновации и одговорното лидерство.
Осумдесет и шест милиони евра ќе бидат пренаменети за реконструкција на 26 регионални патни правци во вкупна должина од 422 километри.
Македонија е рангирана на 11-тото место во најновото издание на извештајот Дуинг Бизнис на Групацијата Светска банка и заедно со Грузија која е на 9-то и Литванија на 16-то место се најдобро рангирани економии од регионот.
Министерството за финансии (МФ) на денешната аукцијата издаде државни хартии од вредност во износ од 4.402,36 милиони денари, односно 71,58 милиони евра.
Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и јавниот долг за третото тримесечје годинава, според кои има намалување во однос на претходното тримесечје.
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, денеска ги презентираа предвидените реконструкции на 26 патни правци, од кои дел се автопатски, а поголем дел делници на магистрални или регионални патишта.
Алка која ќе ја претвора енергијата од движење во електрична за полнење мобилен телефон, е првонградениот бизнис план на денешниот бизнис натревар на средношколци „Get in the ring“, што се одржува во пресрет на „Самитот на Македонија 2025“.
Основниот суд Велес денеска отвори претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка за Фени индустри од Кавадарци.