Детално го разгледавме Извештајот на ЕК кој се однесува и на нашиот сектор. Особено е значаен нотираниот напредок, особено во делот на безбедноста на храната.
Повикот со кој домашните компании ќе може да конкурираат за финансиска поддршка со мерките од третиот столб на владиниот План за економски раст ќе биде објавен в среда следната недела, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Осуманесет возила „дачија“ и 300 компјутери во вкупна вредност од 1,4 милиони евра доби денеска Министерството за земјоделство од Европската унија.
Преговорите за увозот на српско брашно е можно да завршат со целосно укинување на маркичките, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Анѓушев се согласува со укажувањето во Извештајот дека треба да се сузбие сивата економија која, како што вели, е присутна во сите сегменти на живеењето на РМ, како на пример земјоделските производи, продажбата на текстилот.
Министерството за финансии во соработка со Меѓународниот републикански институт (ИРИ) подготвуваат портал „Отворени финансии“ кој што треба да биде пуштен во употреба кон крајот на годината.
Од 15-ти следниот месец Народната банка на Република Македонија првпат воведува полимерни банкноти со апоенска вредност од 10 до 50 денари.
Македонија е умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој. Постигнат е одреден напредок во усогласувањето со заедничката земјоделска политика, оценува Европската комисија (ЕК) во Извештајот за напредокот што беше објавен вчера.
Софтверското решение ќе се изработува согласно повикот што денеска го објави Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за транспорт и врски.
Остварлива е стапката на економскиот раст на земјава од 3,2 отсто за оваа година, иако ММФ и Светска банка деновиве излегоа со проекција дека годинава економскиот раст ќе биде 2,8 отсто.