Корисниците на мобилните оператори од Македонија од денеска ќе плаќаат за 20 проценти поевтин мобилен роаминг од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Претседателот на ССМ, Живко Митревски рече дека станува збор за селективен пристап со кој се обесправени сите останати синдикати кои не биле поканети на седницата.
Бројот на работници во индустријата во мај е зголемен за еден отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во мај е зголемено за 9,2 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Владата на Република Македонија најде решение и за проблемот со државното претпријатие 11 Октомври Еурокопмозит, чиишто вработени штрајкуваат поради неисплатени плати.
Почнува исплатата на субвенциите за тутунот. Во Министерството за финансии се испратени налозите за вкупно 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра, а земјоделците попладнево и утре ќе може да си ги подигнат парите од банките.
Покрај трговците и граѓаните преку интернет петиција бараат укинување на забраната за продажба на алкохол.
Со 1,5 милион евра буџетски средства месечно, Владата ќе ги поддржи компаниите да исплаќаат минимална плата од 12.000 денари.
Тевдовски на прес-конференција нагласи дека Министерството останува отворено и јавно кажува дека задолжувања ќе има, но пред се на домашниот пазар каде каматните стапки се пониски.
Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска ќе одржи средба со претставници на стопанските комори за зголемувањето на минималната плата.