На охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, денеска ќе пристигне првиот чартер лет од Катовице (Полска) со авиокомпанијата „Смол планет ерлајнс“ во организација на најголемиот полски тур-оператор „Рего-бис“.
Пазарите позитивно ја перципираат стабилизацијата на политичката состојба во Македонија и перспективите за македонската економија, соопшти денеска Министерството за финансии (МФ).
Воведување директна авиолинија Скопје – Атина за интензивирање на деловните односи меѓу Македонија и Грција, бараат стопанствениците од двете земји.
Според извршната директорка на GS1 Македонија, Слаѓана Милутиновиќ, онлајн продажбата може да се забрза само со воведување на пејпал кој се смета за посигурен инструмент при онлајн плаќањето.
Изградбата на железничка пруга од Софија до Скопје е приоритет, оценија бугарскиот министер за транспорт, и информациски технологии Ивајло Московски и неговиот македонски колега министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на средбата во Софија.
Според министерот Љупчо Николовски, опфатени ќе бидат над 500 производители, односно ќе бидат откупени околу 400 тони праски кои едвај би достигнале пет денари по килограм.
Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев го реафирмира ставот на Владата во однос на објавените јавни повици од страна на АД ЕЛЕМ, со вкупна проценета вредност од 80 милиони евра.
Координаторот на конференцијата во Охрид Дончо Танески од своја страна истакна дека дванаесет години после формирањето на БАХА преостанува најтешката работа, сето досега разговарано и осмислено да стане оперативно.
Тур оператори и туристички агенции од Британија се запознаа со туристичките капацитети и потенцијали на Македонија на еднодневниот настан Travel Weekly Destination Showcase.
На отворањето на овој прв објект во зоната премиерот Зоран Заев, американскиот амбасадор Џес Бејли, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо и Владимир Тефлик, потпретседател на операции на „Адиент“.