- Преку десет странски компании од Грција, Италија, САД, Кина, Индија, Турција и Романија се сериозно заинтересирани за инвестирање во Македонија, соопшти денеска министерката без ресор, за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска.
Енерџи Деливери Солушнс, ЕДС ДОО Скопје преку соопштение до медиумите информира дека ниту ја иницирале постапката за блокирање на сметките на ФЕНИ Индустри, ниту, пак, имаат желба да се затвори компанијата.
Првичниот рок за автопатската делница Миладиновци-Свети Николе Штип, во должина од 47 километри, беше 1 мај годинава. Вредноста на тој проект е 206 милиони евра.
Наводите дека преку САНОС се испумпувале државни пари се целосна невистина. Одговорно тврдам дека од 2004 година, откако сум сопственик на фабриката, не сум примил ниту еден денар државна помош или субвенции.
Како што соопшти денеска министерот Крешник Бектеши давајќи отчет за сработеното, во фокусот остануваат олеснувањето на трговијата, малите и средните претпријатија, туризмот и угостителството, занаетчиството, женското претприемништво,...
Во технолошко-развојната зона Алинци кај Прилеп денеска е пуштен во употреба погонот на германската „Инџекшн Молдинг Прилеп“ (ИМП), компанија ќерка на Акомпласт.
Владата ќе направи се што е во нејзина моќ за да се најде решение за финансиските проблеми на комбинатот „Фени“, за да може компанијата да продолжи со работа, изјави вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.
Медот што се продава по маркетите за 240 денари содржи чиста гликоза и е штетен по здравјето, предупредуваат пчеларите. Воедно апелираат, граѓаните да купуваат природен мед од познати, домашни, сертифицирани производители, а не пакуван, од пазари, патишта и продавници.
Блокирани се сметките на Фени индустри. Компанијата соопшти дека заради ниските цени на фероникелот на светските берзи, комбинатот се соочува со проблеми веќе две години.