Понудата за преземање на „Макпетрол“ АД Скопје дадена од „Балкан Петролеум“- Холдинг Лимитед уште од самиот почеток се третира и обработува професионално, стручно и одговорно, велат од КХВ.
Како главни пречки за при водењето бизнис речиси 40 проценти од анкетираните ги посочиле правната комплексност, корупцијата и сложените административни процеси. Дури 55 проценти од нив се соочиле со проблеми при самото отпочнување на инвестициите.
Заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, денеска во ТИРЗ Алинци во Прилеп ќе присуствува на свеченото отворање на фабриката „Injection Moulding Prilep“, инвестиција на германската компанија Accomplast.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, се зголемила за 1,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Центарот за економски анализи во однос на препораките на Меѓународниот монетарен фонд за поефикасно собирање на ДДВ, укажува дека акцентот е ставен на ефикасноста на УЈП, а не на доначните стапки и даночната база.
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, најави дека „Фероинвест“ и другите компании кои се во негова сопственост, а законски имаат други управители, нема да учествуваат на државни тендери.
Компанијата „Макпетрол“ одбележува 70 години од работењето со раст од 31 процент во малопродажбата на нафтени деривати, како и нето добивка по оданочување во износ од 142 милиони денари во првите седум месеци од годината.
Според ресорниот министер Драган Тевдовски, Владата е целосно решена системот на јавни финансии во Македонија да се донесе на повисоко ниво како во ЕУ.
Претставниците на групата МК 2025, како што соопшти владината прес-служба, изразиле поддршка на реформските политики на Владата во кои што гледаат реална можност за вклучување и придонес на дијаспората за развој на економијата во Македонија.
Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска, која ја предводи делегацијата на 10. Светски коморски конгрес во Сиднеј, претседаваше со сесија посветена на инфраструктурата.