МЕПСО ќе ја суспендира компанијата за снабдување „ЕНГ сервис трејд“ од пазарот за електрична енергија доколку во одреден рок не го плати заостанатиот долг од речиси 40 милиони денари, соопшти денеска менаџментот на МЕПСО.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави до 1 октомври треба да заврши прилагодувањето на броилата во домаќинствата за да може да стартува дневната евтина тарифа.
Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара покачување на платите согласно покачувањето на минималната плата и свикување на седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) на која ќе биде разгледан овој нивни предлог.
Индустриското производство во јули годинава, во однос на јули 2016, е помало за 2,2 отсто. Во периодот јануари – јули 2017 година, во споредба со истиот период лани, пак, е поголемо за 0,7 отсто, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Службен весник на РМ треба да го објави изменетиот Тарифен систем за продажба на електрична енергија на домаќинства и мали потрошувачи што до нив минатата недела го достави Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Во Министерството за финансии веќе се подготвува буџетот за наредната година. Според министерот Драган Тевдовски во 2018 година се очекува повисок економски раст од годинава.
Лага се сите информации околу покачувањето на цената на струјата. Тоа е само одвлекување на вниманието на македонската јавност од вистинските теми.
Сто и деведесет компании во Република Македонија директно се занимаваат со рударство и притоа вработуваат 6.500 лица. Индиректно со сите преработувачки капацитети тоа се 500-тини компании со вкупно 13.000 вработени.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најавува регистрирање на производителите на мед и негово обврзно декларирање со јасно наведен број на спроведената анализа за безбедност и квалитет.
Екстремно ниска цена од 44 денари за гига џул е постигната на електронската негативна ценовна аукција за ископ на јаглен и јаловина за потребите на РЕК Битола, соопшти АД ЕЛЕМ.