Домашната ракија да се третира како посебен производ од национално значење кој нема да подлежи на акцизни давачки, а производителите да се здружат за заеднички настап на пазарите и постигнување поголема цена.
Во Македонија има висока стапка на нееднаквост меѓу граѓаните по основ на доход и постои тенденција на нејзин раст, покажува анализата за доходовна нееднаквост што денеска првпат ја објави Министерството за финансии.
Централен регистар известува дека работното време од 1 септември ќе биде од 8 до 16 часот. Претходното работно време на Централен регистар беше од 8.30 до 16.30 часот.
Министерство за финанасии на нивната веб-страница објави граѓански буџет со цел на неекспертската јавност, на разбирлив начин да и се претстават клучните информации од буџетот на државата, информираат од таму.
Тој додаде дека изградбата на патот Градско – Дреново е прва фаза. Втората фаза која предвидува изградба на делницата од Фаришка до Дреновска клисура е во тек, но се соочуваат со проблеми на кои секојдневно работат за да се надминат.
Од Владата информираат дека парите се префрлени врз основ на одлуката на Управниот одбор на Централниот регистар, со што била нанесена штета на редовното работење институцијата.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни изнесувала 22.808 денари, а бруто-платата 33.509 денари, објави Државниот завод за статистика. Платата во јуни во однос на лани истиот месец е зголемена за 2,7 проценти.
Кредитирањето во јули годинава бележи раст од 0,3 проценти, кое се должи на зголеменото кредитирање на домаќинствата. Кај корпоративното кредитирање е забележано намалување.
Негов предлог е, дел од државната поддршка, наместо во пари, да се исплаќа во конкретна помош – репроматеријали, нафта, посадочен материјал, приплодни грла, механизација, приклучни машини,… Тоа, вели, веројатно ќе почне да се применува од идната, 2018 година.
Откупната цена за килограм грозје од сортата „смедеревка“ да биде 13 денари, а за „вранец“ 15 денари. Со зголемувањето на шеќерните единици, да расте и откупната цена, бараат лозарите.