Вработените во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ го реактивираа штрајкот, бидејќи, како што велат, не е исполнета Сспогодбата потпишана на 28 јули меѓу генералниот директор, Владата и Гранскиот синдикат за индустрија.
Kај осигурувањето на имот има пад од 10,79 отсто, но истовремено и зголемување на бројот на склучени договори за 30,6 отсто.
Сите патници кои имаат летови од скопскиот аеродром „Александар Велики“ на седми, осми и деветти август, треба да пристигнат на аеродромот три до четири часа порано од времето на полетување.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јуни 2017 година, изнесува 146.245.756.000 денари и бележи пораст од 16.2% во однос на истиот период од претходната година.
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) поради енормно високите температури и можноста за топлотен бран, повикува да се почитуваат мерките за заштита и доследно да се применуваат од страна на работодавачите и институциите.
Од УЈП неодамна информираа дека работат на даночните реформи во делот на персоналниот данок на доход, што значи поедноставување на процедурите за пријавување и за плаќање на данокот.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе достави нота до хрватското Министерство за земјоделство за стопирање на Правилникот за контрола при увозот на овошје и зеленчук донесен на 15 јули годинава.
Најави дека до крајот на денов ќе се знае дали ЕЛЕМ утре ќе објави тендер за продажба на вишоците на електрична енергија од околу 20 мегавати на слободниот пазар.
Јавниот долг според последните податоци на Министерството за финансии е намален за 0,3 проценти.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери 11. седница со една точка на дневен ред Дополнет предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2017 година ја закажа за 1 август во 10 часот.