Со операта „Аида“ на Џузепе Верди вечер ќе завршат 46. Мајски оперски вечери. Во насловната улога на операта, со која традиционално се затвора фестивалот, годинава ќе настапи сопранистката Ана Лукреција Гарсија од Венецуела.
Во текот на минатата година организирани се 575 ликовни изложби, и во однос на претходната година бројот е намален за два процента, објави Државниот завод за статистика.
Форум насловен „Етнолошкото културно наследство во Македонија меѓу теоријата и праксата“ ќе се одржи денеска во просториите на Центарот за етнолошки истражувања и применета антропологија во Скопје.
Изградбата на новиот експресен пат Штип-Радовиш откри четири археолошки локалитети.
Еминентни писатели, поети, академици, ќе учествуваат на Рациновите средби 2018, кои ќе бидат збогатени со нови научни содржини и богата културно - уметничка програма. Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес-конференција ја презентираше програмата на претстојното 55-то издание на културната манифестација „Рацинови средби“.
На концертот ќе бидат изведени атрактивни дела од Гершвин, Рубинштајн, Кармајкл, Давид, Хадад, Нихаус..., композиции кои, наведува Филхармонијата, се фантастичен микс од техниките на западната класична школа и џезот.
Југословенско драмско позориште (ЈДП) од Белград вечер и утревечер ќе гостува во Македонскиот народен театар со претставата „Ајнштајновите соништа“ според истоимениот роман-бестселер на Ален Лајтман во режија на Слободан Унковски.
Директорот на фестивалот Дејан Трајкоски изјави дека со оваа тема на фестивалот сакале да се приклучат кон славење на Европската година на културно наследство и да се стави фокус на сите автори кои значат величина за една земја.
Повеќе од 800 уметници од 27 држави од Европа и светот, славни имиња од светската музичка елита и врвни театарски креации, ќе бидат дел од годинешното 58. издание на најреномираната музичко-сценска манифестација во земјата – Фестивалот „Охридско лето“.
На вториот ден од 6. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, денеска во ЕУ Инфоцентарот ќе се одржи тркалезна маса „Балканските класици во европската литература: (не)визибилност во 21 век“.