По повод одбележување на 30 години независност на државата, денеска и утре во Музејот на современа уметност ќе се одржи EXPO.30, во организација на Боттега Евенти и поддржан од Владата на Република Македонија.
Во големиот салон на Галерија „КО-РА“ отворена е изложбата на Марк Јанура насловена „Микро универзум“. На оваа самостојна изложба, Јанура се претставува со избор дела во акрил на платно и акватинта, како дел од опусот посветен на истражувањето на компаративот помеѓу интимниот свет на авторот -како дел од сета природа која не опкружува и релацијата со универзумот кој секоја единка одделно го перципира.
На локацијата кај мегалитската опсерваторија Кокино, викендов ќе се одржи третото издание на Мултимедијалната културна манифестација „КОКИНО – Тврдина на сонцето“, кој годинава првпат е организиран со тридневна програма од 17 до 19 септември.
Во рамки на Таксират фестивалот, што ќе се одржи на 23 и 24 мај 2022 година, првпат ќе настапи дуото Dead Can Dance. Тие ќе одржат два концерти во Скопје, во Македонскиот народен театар.
На 16 и на 17.09.2021 година во Куршумли ан ќе се одржи јубилејното триесетто издание на фестивалот „Оро без граници“ на кој ќе настапат играорците од Детскиот културен центар „Карпош“.
„Откривање на иднината: Археологија на модерноста“ е насловена изложбата на дела на еден од најистакнатите македонски скулптори, Петар Хаџи Бошков, која ќе биде отворена на 18 септември со почеток од 18 часот во археолошкиот локалитет „Стоби“.
Во петок почнува првото издание на онлајн интернационалниот алтернативен фестивал „Тетарски европски алтернативи”, каде ќе бидат претставени над 70 артисти во различни уметнички области.
Нови 16 вредни ликовни уметнички дела се создадени на годинашната Меѓународна ликовна колонија св.Јоаким Осоговски што траеше една недела во прекрасниот амбиент на манастирскиот комплекс св.Јоаким Осоговски
Во Мала станица денеска ќе биде отворена изложбата „Допирот“, што е подготвена во партнерство со Британскиот совет и агенцијата за подвижни слики „Лукс“ од Обединетото Кралство Велика Британија, а под кураторската палка на Ана Франговска, соопштија од Националната галерија на Република Македонија
Саемот на книга по втор пат, поради пандемијата, се реализираше на отворен простор во комплексот на А1 Арена – СЦ Борис Трајковски