Главната награда „Актер на Европа 2021“ за најдобро актерско остварување годинава и припадна на Маргарита Џепа, една од најзначајните актерки во поширокиот балкански театарски простор, за улогата на Дорунтина во претставата „Кој ја донесе Дорунтина“ во режија на Лаерти Васили
Во издание на „Паблишер“, од печат излезе новиот роман „Баба“ на Луан Старова
Романот „Арамиско гнездо“, кој првично бил публикуван во 1954 година, неодамна беше реобјавен во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“, чијашто цел е реобјавување на класичните дела на македонската книжевност
Во рамки на „Скопско лето 2021“ во Изложбениот салон на Културно информативен центар вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Напречно црвено низ празното“ на Марина Цветановска Мартиновска
Хорот и оркестарот на Танец в петок ќе одржат вокално-инструменталниот концерт со наслов „Мелем песна“ во рамките на Скопско лето
Во тек е Конкурсот за необјавена збирка поезија на македонски јазик во рамки на четвртата Meѓународна поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, со која годинава ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на поетот Анте Поповски
Во Охрид вечерва ќе биде подигната завесата на годинешното 61 издание на најреномираната и најголемата музичко-сценска манифестација во земјата, Фестивалот „Охридско лето“
Претседателот на државата Стево Пендаровски, вечерва ќе присуствува и ќе се обрати на свеченото отворање на 61-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид
Драмското студио „Миладин“ од Струга, вечер во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Добрутро арамии“од Фадил Хаџич, преработена за наши услови.
„Подиумот на млади“ е проект чиј идеен творец и организатор е Музичката младина на Северна Македонија која на публиката на „Охридско лето“ пред свеченото отворање ѝ носи исклучително талентирани млади музичари со внимателно одбрана програма.